Биографија

Јас сум Никола Сарафимов. Имам 22 години. Живеам во Скопје, Република Македонија. Моментално сум студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, трета година на насоката Примена на информациски технологии (ПИТ). Основно училиште имам завршено во ООУ „Тихомир Милошевски“ - Ново Село, Скопје. Средно училиште имам завршено во СУГС „Марија Кири - Склодовска“ - Аеродром, Скопје на смерот Медицински лабораториски - санитарен техничар (4 години). Како хоби работам со видео монтажа како и креирање на истите.